|
|
||
![]() |
||
| УКБ емитување | фрек.,MHz | предавател, моќност, RDS, (подробности) |
| Скопје | 89.10 | Средно Водно |
| Интернет емитување | формат | |
| Слушај во живо од Скопје | ||
Лајф радио ја емитува својата програма во Скопје и во неговата околина, на брановите 89.1 MHz од февруари 2002 година. Програмата на радиото се реализира истовремено, како на македонски, така и на албански јазик, што претставува единствен пример на интерактивно двојазично радио во Европа. Што се однесува, пак, до музиката, Лајф радио е единственото радио во земјава што го третира исклучиво рок-ен-ролот и сите негови деривати. Радиото досега има организирано, коорганизирано и спонзорирано повеќе рок-концерти, фестивали и манифестации, меѓу кои и музичкиот караван За подобро утре, во рамките на кој познатите рок-групи Суперхикс и Бла-бла-бла... настапија на 14 концерти ширум земјава. Радиото планира да продолжи не само со организирање на концертни манифестации, туку и со отворање на музичка продукција и со издавање на албуми на талентирани рок-состави од земјава и од Балканот, пошироко. Скопје 1000, улица Мајка Тереза (13ти Јули) 1/4 телефон: (+389) 02/ 3246 891, 3246 892 факс: (+389) 02/ 3246 893 Пратете SMS порака на следните телефонски броеви: (+389) 070/ 145255, 075/ 145255 (5 ден. + ДДВ) e-mail: life@mol.com.mk web-site: www.life.com.mk |
||
| 220 KB | Life Radio | |



