|
|
||
![]() |
||
| УКБ емитување | фрек.,MHz | предавател, моќност, RDS, (подробности) |
| Скопје | 92.90 | Средно Водно |
За МЈ радио: Следејќи ја традицијата која радиото ја наметна, во своето повеќегодишно делување, успеа да изгради статус на градско радио за поширокиот аудиториум кое е во служба само и исклучиво на слушателите. А во поширока смисла тоа е посредник помеѓу музичко информативните збиднувања, кои го носат печатот на ова и изминатите времиња - вредни за паметење, и слушање. Примарната функција на радиото е емитување на музичка програма со единствена цел да овозможи: Забава, Одмор, Информација, Релаксација, а неговата појдовна особина по која се оделува од останатите радио станици е интерпретација на музика и вести поврзани со неа. Од таму, пристапот кон креирањето на активната програмска шема е: музиката како култура на чиј развој треба да се стави вреден акцент и особено внимание сега и во иднина. Пооделно радиото има за цел, покрај емитувањето на музиката уште и: афирмација на млади музичари, промоција на проекти од овој домен, најава и известувања за концертните и фестивалските подиуми, развојните проекти на пазарот. МЈ радио е детерминирано како музичко радио кое е поткрепа за сите промотивни активности на нови музички проекти издадени во Македонија и пошироко настојувајќи првенствено да дојде до вистинските квалитативни музички вредности. МЈ радио во досегашното работење се јавува како медиски спонзор на повеќе аудио изданија, видео записи (спотови) и на концертни збиднувања. Верувајќи дека сепак, единствениот начин да се дојде до оригинални музички отценки и тоа да го добие вистинското ниво е реакцијата на слушателите. Затоа финалниот производ кој излегува во етерот на 92,9 Mhz е синтеза на 24 часовни идеи од екипата која го чини МЈ радиото и сугестии на поширокиот слушателски аудиториум. Основната база на останатиот информативнио - забавен блок е контактната програма. МЈ радиото е отворено за соработка, секој што ќе изрази желба да се промовира или да рекламира дел од своите производи е секогаш отворено, без селективност во согласност со нормативите. Информативните рубрики се специфично интерпретирани од исклучиво потврдени извори претендирајќи на оригинална форма. Сите веродостојни презентации на флеш вести од личности кои имаат компетенција за извесна област одат директно од студиото на радиото. МЈ радиото е со имиџ на градско радио кое неизоставнио ги следи интересите од: егзистенцијално значење во екологијата и ноторниот проблем на планераниот опстанок, интимните дилеми на младите, психолошкиот импулс на публиката. Воедно е во чекор со свежиот тренд на модната естетика, изданијата кои го одбележуваат културолошкиот развој, забавните представи и спортските атракции. Со оглед на интезитетот на програмата, радиото формира рекреативен аудио круг од: музички блокови, блиц вести, сервисни информации, анкети, топ листи, наградни игри, мали ноќни разговори и повторно многу музика. МЈ радио е домаќин кој нуди непрестана забавно-музичка комуникација реализирајќи ја потребата од жив контакт со музички наградни квизови. Надградниот циклус продолжува и во останатиот дел од програмата, а анкетите актуелизираат теми за разговори за кои е подготвена посебна програма со гости поканети во функција на лични информатори за одредена тематика. И уште МЈ е така нарачен радио бар кој ги пренесува слушателите во светот на музичките ѕвезди од Македонија и пошироко, кои со директното учество на брановите на радиото даваат можност за радио-средби од теркот на забавно- информативни разговори. Во досегашното работење МЈ радио беше домаќин на цела македонска забавна естрада (автори, кантавтори, композитори, музички групи, интерпретатори и сите млади надежи во областа на македонската забавна музика). Покрај ѕвездите на македонската забавна естрада, МЈ радио оствари контакт и реализира емисии со гости од екс ЈУ просторите во областа на забавната музика. Мотото на редакцијата за оргиналност пред се ја потврдува константната подготвеност да одговори на барањата и потребите во процесот на радио дистрибуцијата. Токму затоа МЈ радио веќе се третира за ведар радио пријател кој не остава место за осаменост. Скопје 1000, улица Миле Поп Јорданов 21-А телефон: (+389) 02/ 3090 300, 3063 074, 3081 019, 3205 229 e-mail: info@mjradio.com.mk, mj-radio@freemail.com.mk web-site: www.mjradio.com.mk |
||



