|
|
||
![]() |
||
| ТВ емитување | ТВ канал | предавател, моќност, (подробности) |
| Скопје | 21 | Средно Водно |
![]() Телевизија "БТР Национал" е локална приватна телевизиска станица кој емитува за град Скопје. "БТР Национал" е една од првите телевизии во светот што 24 часа дневно емитуваат програма на ромски јазик. BTR - Biathinalo ternengoro radio на ромски значи Независно младинско радио. Зборот „радио“ не е грешка - во почетокот БТР беше радиостаница и се наоѓаше во просториите на киното 26 Јули во скопската населба Шуто Оризари. „Во бизнисот со радиото влегов со пет илјади марки!“ - без комплекс раскажува младиот Зоран Димов - сопственик на телевизијата. „За кусо време радиото стекна таква популарност во Шутка, што само од порачки за песни месечно сум заработувал по 30 илјади марки. Тие денови, во 1993-та, Ромите не спиеја - само слушаа БТР и се веселеа!“ Со телевизијата Димов стартуваше пред пет години, на 5 декември 1994 година. Телевизијата е сместена во куќата на Есма Теодосиевска, на скопското Кале, каде што се наоѓа и Музејот на Ромите, како и урната со пепелта на нејзиниот починат сопруг Стево. ТВ БТР Национал емитува програма од различен карактер: информативна, забавно-рекреативна, спортска, но сепак доминира музичката. Тоа се оние прочуени поздрави и честитки со коишто Ромите и другите гледачи меѓу себе си честитаат за разни пригоди (роденден, сунет, заминување во БТР и сл.). Сепак, Зоран Димов потенцира дека, за разлика од „ривалската“ Шутел телевизија, тие многу повеќе внимание обрнуваат на посериозни содржини, како што се, на пример, вестите. Скопје 1000, улица Самоилова 112 телефон: (+389) 02/ 3112 240, 3110 356 факс: (+389) 02/ 3216 000 e-mail: btr@osi.net.mk |
||




