Радио Фортуна е лоциранo во деловната зграда на Кјуби - Македонија, сместена во строгиот центар на Скопје. Располагаме со простории од околу 100м2 функционално уредени за потребите на една радио станица. Линковски поврзани до предавателниот столб лоциран на средно Водно.

Од таму на предавална фрекфенција од 96,8 Mhz се покрива целосно градот Скопје како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во случај на испад на предавателниот систем на средно Водно од било кои причини, автоматски се вклучува резервен предавателен систем лоциран на врвот од деловната зграда на Кјуби, која воедно е и највисоката зграда во реонот. Со ова се губи само 20% од територијата која се покрива со главниот предавателен систем со што се обезбедува непрекинат извор на сигнал кој е итекако потребен за коректно извршување на обврските кон коминтентите како и верните слушатели на Радио Фортуна.

Радио Фортуна прв пат пушти сигнал во етерот на Скопје во декември 1993 година, веднаш по неколкуте радио станици кои се отворија во тој период меѓу кои беа Студенско радио, Радио Мега, Радио Уно и старото Скај радио. За жал сите овие радија се сега веќе згаснати, со што Радио Фортуна сега е најстарото радио што сеуште работи на територијата на Скопје, и второ радио по години на територијата на цела Република Македонија! Старата фрекфенција беше 95,1 Mhz но по донесувањето на законот за радиодифузија и стартирањето на концесискиот принцип на работа, во 1998 година за да се усогласи со новиот закон, Радио Фортуна ја промени фрекфенцијата на 96,8 Мhz која стана препознатлив бренд во македонскиот етер. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио Фортуна преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Ова го искористија и кабелските оператори ширум републиката кои вака емитуваниот програм го пуштаа во своите кабловски мрежи, нудејки им на своите корисници бренд кој не им беше достапен дотогаш! Денес, Радио Фортуна соработува со водечкиот интернет провајдер „Он-Нет“ и преку него го дистрибуира сигналот ширум цел свет. Па така сега редовно стигнуваат мејлови од сите страни на светот!

Скопје 1000, улица 11 октомври 25
телефон/факс: (+389) 02/ 3120 422
телефон: (+389) 02/ 3120 422
e-mail: info@radiofortuna.com.mk, radiofortuna@t-home.mk
web-site: www.radiofortuna.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје   96.80 Гази Баба,