На 19 Март 2010 г. беше свечено отворено студентското радио Студент ФМ. Радиото е опремено со најсовремена и најсофистицирана опрема на целите балкански простори. Истото е проект на Студентскиот парламент на Универзитетот Св Кирил и Методиј а финансиски е подржан од ректорататот на универзитетот.Радиото како средство за јавно информирање во себе ќе акумулира важна улуога и моќ во демократските процеси на една општествена заедница, можноста секој студент да биде информиран и да го изрази своето мислење претставува можност идината на Република Македонија да ја креираат токму оние на кои им припаѓа.

Најспецифично за студентското радио е тоа што во работата на истото ке бидат вклучени само студенти од универзитетот а нивната работа ке претсавува добра пракса особено за студентите од новинарските и електротехничките студии. Приоритет во програмата за работата на радиото ке биде целокупниот образовен процес во Република Македонија, сите проблеми поврзани за и околу образовниот процес, работата на студентскиот парламент, работата на сите студентски активности и проекти . Во наредниот период радиото треба да прерасне во национално со што ке емитува фрекфенција на целата територија на Република Македонија. На свеченото отварање официјално во етерот радиото го пуштија го пуштија претседателот на Студентскиот парламент Иван Живковски и ректорот на Универзитетот проф Д-р Велимир Стојкоски.Од таму, пристапот кон креирањето на активната програмска шема е: музиката како култура на чиј развој треба да се стави вреден акцент и особено внимание сега и во иднина. Пооделно радиото има за цел, покрај емитувањето на музиката уште и: афирмација на млади музичари, промоција на проекти од овој домен, најава и известувања за концертните и фестивалските подиуми, развојните проекти на пазарот.

Скопје 1000, булевард "Крсте Мисирков" бб
e-mail: contact@spukim.org.mk
web-site: www.spukm.org.mk , www.facebook.com/pages/Student-FM-929-Univerzitetsko-radio/
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо mp3
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје   92.90 Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,