УКБ емитување фрек.,MHz предавател, моќност, RDS, (подробности)
Куманово   95.00 Куманово

  Нашето радио стартуваше со работа на 15.05.1995 год. и тоа, првин во зградата на поранешниот Комитет, а пред година и пол во зградата на поранешната КТЛ. За тие пет години работа ние се изградивме како едно доста познато и слушано радио, со голем углед и реноме, ако не пошироко, барем тука во Куманово. Она што го презентираме на нашите слушатели е главно од областа на музиката, претежно странски, ЈУ и македонски поп синглови, односно се она што е ново, она што е хитовско и во тренд, се она што се слушало и што допрва ќе се слуша.

  Секако, не изостануваат ниту многуте наградни емисии, спонзорирани од голем број на претпријатија, кои секогаш се грижат да усреќат голем број на наши слушатели. И ако работи само неколкучлена екипа во него, сепак не сме за потценување, бидејќи слушаноста и квалитетот е на наша страна во однос на другите радија во Куманово. Не се фалиме, ниту пак сакаме да ги критикуваме другите, бидејќи истите се во мал број, а и имаат различни концепции од нашата. Сепак, сето тоа зависи од реалните можности на самите радија. Но, да не должиме многу, туку само да ја почекаме и нашата 10-годишница, а којзнае што може да се служи дотогаш, можеби и прераснеме во нешто многу повеќе од она што сме сега. Сепак, ние сме задоволни и кога самите слушатели се задоволни, па поради тоа се и на брановите на ВИВА.

Куманово 1300
e-mail: vivaradio@mail.com
web-site: www.vivaradio.8m.com