|
|
||
![]() |
||
| УКБ емитување | фрек.,MHz | предавател, моќност, RDS, (подробности) |
| Штип | 96.60 | Штип 1 - Исар, (+ BBC) |
| Штип | 99.20 | Туртел, (+ BBC) |
| СБ емитување | фрек.,KHz | предавател, моќност, (подробности) |
| Штип | 639 | СБ пункт Штип, (+ BBC) |
| Интернет емитување | формат | |
| Слушај во живо од Штип | ||
Први Мај 1960 година, ден на раѓањето на Радио Штип. Токму од тој ден почнува редовното емитување на програмата на Радио Штип, со реализацијата на радио преносот од првомајската парада. Меѓутоа почетоците на Радио Штип, датираат од порано. Во 1959 година, Народна техника од Штип го задолжува Благој Петров, да го конструира предавателот со кој радиото ке може да ја емитува програмата. Благој Петров основоположникот на Радио Штип од стари засилувачи и друг материјал, успева да создаде предавател со моќност од 3-5 вати, преку кој на 15-ти април 1959 година од неговиот дом низ етерот беше емитувана музика и говор. Во првите десет години програмата на Радио Штип траеше до три часа дневно, а сега трае 15 часа. Да се биде на местото на настано, во фокусот на интересирањето на јавноста беше и основната определба на работата на Радио Штип. Радио Штип, ја задржа ориентацијата да биде радио на слушателите. Радио Штип и во овој период го задржа своевидниот минтегритет и идентите на информативно-политичка, воспитно образовна, научно-популарна, забавно-хумористична и спортско рекреативна програма, со развиен претек на сервисни информации и економско пропагандни пораки. Радио Штип, спаѓа во редот на најслушаните медиуми во Македонија, таквиот епитет го потврдува фактот што секојдневно на програмата на Радио Штип се јавуваат илјада слушатели, според една анализа на македонски телекомуникации во Штип. Потврда се истражувањата за слушаноста на медиумите што ги направија Стратеџик маркетинг и ИРИ, токму според нивните анализи Радио Штип, се вбројува во најслушаните радио станици во Македонија. Тие податоци , но и тоа што ние како медиум, секојдневно го дознаваме низ постојаните контакти со нашите слушатели, говори дека сме направиле добра програмска концепција, која соодвествува на интересите на грашаните. Радио Штип ја задржа ориентацијата да биде радио на слушателите, задржувајќи го своевидниот интегритет и идентитет на информативно-политичка, воспитно образовна, научно-популарна, забавно-хумористична и спортско рекреативна програма, со развиен протек на сервисни информации и економско пропагандни пораки. Радио Штип, својата 24 часовна програма ја емитува на предаватели на ултракратки бранови (ФМ) на фрекфенции од 99.2 и 96.6 Мхз, и на предавател на средни бранови (АМ) 639 Кхз .Преку своите предаватели Радио Штип ја покрива територијата на Република Македонија. Радио штип одлично се слуша во Бугарија посебно Пиринска Македонија, во Република Грција до крајните краци на Халкидик, во Југославија до Ниш. Доволно е да се каже дека Радио Штип има слушатели, кои се јавуваат на програмата и од тие региони. Радио Штип има и своја интернет страница, а од неодамна започна со 24 часовно емитување во живо на својата програма на интернет. Со други зборови Радио штип има многу добра чујност во подрачје со повеќе од 2.000.000 жители. Радио „Штип” е партнерска станица на македонската редакција на Би Би Си. Штип 2000, улица Ванчо Прке б.б. телефон: (+389) 032/ 393 224 факс: (+389) 032/ 392 224 e-mail: radiostip@mt.net.mk web-site: www.radiostip.com.mk |
||



