ТВ емитување ТВ канал предавател, моќност, (подробности)
Штип  38 Штип

 

  Телевизија Ирис како електронски медиум веќе 10 години зрачи квалитетна програма за своите ценети гледачи. Според последните истражувања на агенцијата „Прима галуп“, Телевизија Ирис ги задоволува сите вкусови на гледачите, бидејќи со своите програмски содржини од сите сфери на живеење претставува вистински сервисер на информации, а преку документарните, образовните и забавните содржини своите гледачи ги едуцира и рекреира. Се обидуваме нашата програма да ги следи современите тековии да ги почитува желбите на гледачите или поинаку кажано се обидуваме со нашите емисии да навлеземе во секој сегмент од современиот живот на граѓаните кои ја следат нашата програма. Целокупната програма на Ирис Телевизија ја создава компактна екипа составена од дваесетина вработени и седум надворешни соработници.

  Ирис телевизија располага со две комплетни ТВ студија. Има простор за режија со комплетна бета опрема и две монтажни студија. Во можност сме да вршиме директни преноси од повеќе локации. Сигналот на Ирис телевизија покрива простор од 2150 квадратни километри, а нашата програма ја следат 150.000 граѓани.

  Ирис телевизија неделно емитува 168 часа програма од кои 850 минути (14 часа) се емиисии и документарна програма во сопствена продукција. Нашите гледачи имаат можност да ја следат нашата разновидна програма 24 часа на ден.

  Телевзија Ирис својата професионалност како медиум ја има потврдено и преку изработка на документарни играни фимови и емисии за Советот за радиодуфузија. Во изминатите години ТВ Ирис на петте тендери распишани од Советот за радиодифузија има реализирано 20 документарни проекти од јавен интерес. Македонскиот сателитски канал веќе емитуваше седум документарни филмови на Телевизија Ирис.

  Телвизија Ирис изминатите пет години беше дел и од медиумскиот проект на организацијата „Потрага по заедничка Македонија“. Во рамките на телевизиската локална размена помеѓу шесте телевизии вклучени во дел дел од регионалниот проект „Мостови за Нов Балкан“, Телевизија Ирис има реализирано и објавено над 40 документарни емисии, за кои што донаторите и организацијата „Потрага по заедничка Македонија“ имаат високо мислење во поглед на квалитетот на изработката на проектите.

  За да може да оди напред со времето и да купува своја програма според нашите високи стандарди, Ирис телевизија беше дел од експерименталниот проект наречен Мрежа + во кој учествуваа седум локални телевизии од Македонија. Овој модел беше претходница на формирањето на ФИДО+, мрежа од локални телевизии чија цел е купување на легална програма која со своите содржини ќе ги интересира нашите гледачи, но и ќе биде интересен комерцијален простор за нашите клиенти. Плановите на нашата телевизија се откако ќе биде донесен новиот закон за Радиодфузија да стане Регионална телевизија, бидејќи Ирис телевизија е најдобрата телевизија во овој регион и е составен дел од вашите семејства веќе десет години.

  Штип 2000, улица Јосиф Ковачев 8
  телефон: (+389) 032/ 391 313, 388 513, 380 513
  факс: (+389) 032/ 391 313
  e-mail: info@iris.com.mk
  web-site: www.iris.com.mk