ТВ емитување ТВ канал предавател, моќност, (подробности)
Кавадарци  25 Љубаш
Интернет емитување
Симнете ги и гледајте ги Вестите на КТВ 41

  Од 4 јули 1991 година во етерот над Кавадарци започна да се емитува програмата на приватната телевизија КТВ-41. За почеток со квалитетен ТВ сигнал се покриваше целата општина Кавадарци, а подоцна програмата на КТВ-41 се следи во Кавадарци, Росоман, Неготино, Градско и Демир Капија, преку репетиторскиот пункт Љубаш.

  Во делот на информирањето на граѓаните КТВ-41 има голем придонес во навременото, точно и непристрасно информирање на граѓаните за поважни настани од регионот, поради што КТВ стана неделив дел од животот на тиквешани.

  Технички телевизијата е опременасо најсовремена дигитална опрема. За нашата гледаност говорат и резултатите од истражувањата што во изминатиот период ги вршеа повеќе истражувачки агенции.

  Студио
  Кавадарци 1430, булевард Едвард Кардељ б.б.
  телефон: (+389) 043/ 411 166

  Дирекција
  Кавадарци 1430, улица Матшал Тито б.б.
  телефон: (+389) 043/ 400 266

  e-mail: contact@ktv41.com.mk, tvktv@mt.net.mk
  web-site: www.ktv41.com.mk