УКБ емитување фрек.,MHz предавател, моќност, RDS, (подробности)
Битола   89.80 Пелистер, 3 KW, (1989-2002 г.: на 102.60 MHz)
Тепавци   95.80 Тепавци

  На 27 март 2008 г. локалната радио станица „Радио Битола“ одбележува 58 години од денот на своето формирање, 27 март 1950 година. „Се нижеа години на просперитет, но и тешки времиња кои на своите плеќи ги носеа стотици вработени и соработници кои го создаваа летописот на оваа радио куќа и затоа тешко е да се испише влогот на новинарскиот, техничкиот, музички и друг кадар кој мина низ Радио Битола и остави свој белег“ - истакна директорката на Радио Битола, Данка Јанковска. Радио Битола денеска е во процес на трансформација согласно Законот за радиодифузна дејност.

  Радио Битола е најстарата радио станица во Македонија од регионален карактер. Формирана со решение на Владата на тогашна Народна Република Македонија, Радио Битола како обласна радио станица почна да работи на 27 март 1950 година. Тогаш беа почетоците на еден специфичен и привлечен начин на комуницирање со јавноста преку брановите на Радио Битола која во изминатите години беше расадник на музичари, новинари, спикери, техничари и друг вид креативни кадри.

Битола 7000, улица Томаки Димитровски 7
телефон: (+389) 047/ 237 470, 203 886, 203 888
факс: (+389) 047/ 203 887
e-mail: radiobt@freemail.com.mk
Аудио сигнали на Радио Битола
bitola_1.mp3 476 KB   Радио Битола, записано на 22 ноември 2003 г.