Во мугрите на 5 декември 2003-то лето Господово... во етерот се разнесе првиот збор изговорен низ воздушниот простор, а преку постарите чаршиски звучници се слушна "вие ја слушате програмата на Радио 5" На самиот почеток радио 5 зрачеше на фрекфенцијата 103 мегахерци фм стерео и беше петто по ред радио во Прилеп, линковски поврзано до предавателниот столб лоциран на стариот пат за Битола. Од таму на предавална фрекфенција од 103 Mhz се покрива целосно градот Прилеп како и околниот регион преполн со населени места и туристички локации. Во текот на првата година од своето работење Радио 5 ја оформуваше својата музичка и говорна програма од која произлезе и концепцијата на Радио 5 како музичко-информативно радио. Во годините кои следат Радио 5 константно работеше на подобрување и збогатување на програмската шема со нови говорни содржини, вести и музички емисии, за да денес прерасне во модерно музичко информативно приватно радиодифузно друштво со препознатлив радио израз, квалитетен музички избор и одлична маркетиншка понуда за сите свои слушатели и соработници. Со оваа фрекфенција радио 5 стана препознатлива во етерот. Во целиот овој период радио 5 опстојува од рекламирање на своите деловни партнери и пријатели кои за среќа на радио 5 се многубројни. стартувањето на концесискиот принцип на работа, во 2004 година за да се усогласи со новиот закон, Радио 5 ја промени фрекфенцијата на 89,5 Мhz која стана препознатлив бренд во пелагонискиот етер. Според оваа дозвола радиото е со формат-програмски сервис музичко говорно радио од општ формат. Нашиот сигнал ја покрива Пелагониската област со аудиториум повеќе од 100,000 жители. Оттогаш до денес, во технички, но и во секој друг поглед Радио 5 напредуваше многу, а напоредно со тоа беше верен хроничар на се она што се случуваше под прилепското небо. Богатата фонотека на Радио 5 веројатно е најголемата и најавтентична збирка на аудио материјали кои сведочат за историјата и растежот на Прилеп во изминатите 9 години. Радиото го бележеше животот на прилепчани, му овозможуваше да ги слушнат новостите и важните настани истовремено, но и влијаеше на текот на настаните. Уште повеќе: Радиото беше и се уште е гласот на прилепчани! Ја одразуваше колективната свест на прилепчани и нивните желби за подобрување на животот во градот што го сакаат и е нивен. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио 5 преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Денес Радио 5 е современ електронски медиум со мошне високи содржински и технички принципи на радио форматот, по кој се издвојува од сите други радио станици во Прилеп. Во време кога комерцијалноста, а со тоа и и кичот навлезе во многу пори од животот, и многумина продаваат шунд спакован во украсна фолија, ние и натаму се стремиме да го издвоиме она што е вредно и трајно. Нашата музичка програма е комбинација на различни музички стилови, стари и нови, од странски и домашни евергрини, но секако незаборавни музички нумери. Не ги следиме трендовите по секоја цена, туку ги селектираме по вредност и музиката и информациите што ги пласираме на нашите мегахерци. Избегнуваме локални трачеви, навреди на личности, прекинување на музики нумери со зборување, напорни и долги информативни програми, непотребно долги разговори и коментари со пласирање на лични ставови на новинарите, а се стремиме кон етика во информациите и говорот, го поддржуваме македонскиот литературен јазик и култура, и пред се ги следиме желбите на прилепчани. Тука сме кога им требаме, го креваме гласот за да ги заштитиме нивните права, и до денес останавме верни на првичната идеја - Радио 5 да биде пулсот на прилепчани, нивните очи и уши.


Прилеп 7500, ул. Круме Волнаровски 140
тел. +389 48 614138, +389 78 231971
e-mail: radio5@t.mk
web-site: www.radio5.mk

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Прилеп   89.50 „Жито Прилеп“