|
|
||
![]() |
||
| УКБ емитување | фрек.,MHz | предавател, моќност, RDS, (подробности) |
| Охрид | 89.00 | СРЦ „Билјанини извори” |
| Охрид | 98.80 | Хотел „Сончева порта” |
| Интернет емитување | формат | |
| Слушај Радио Охрид во живо |
||
| Слушај Радио Охрид во живо |
||
Во 1957 година на иницијатива на инициjатива на тогашното Собранието на општина Охрид е формирано Радио Охрид. Наjпрво работи во рамките на Работничкиот Универзитет, а потоа во Домот на културата. На 3 април 1969 година Општинската конференциjа на Социjалистичкиот соjуз, како основач, носи одлука Радио Охрид да работи како посебна институциjа за информирање. За роденден на нашата информативна куќа се смета 7 ноември. Во етерот од тоа време се до денеска, секој почеток на програмата е со авизото: "Билјана платно белеше". Радио Охрид е основоположник на новинарството во градов и урнек по кој многу подоцна се формираа нови електронски медиуми во градов и регионот. Како и секоја друга институција, така и нашата во својот полувековен од бележи подеми и падови. Благодарение на преголемиот ентузијазам и љубов на вработените кон куќата и професијата Радио Охрид опстана и по трансформациските потреси. Во годините наназад се нижеа награди и признанија за емисии и проекти кои реално го отсликуваа животот и секојдневието на охриѓани и на безбројните вљубеници во него.Од традиционалните Денови на македонското радио, секоја година Радио Охрид се враќаше со куп награди. Во нашата колекција се и најголемите општински признанија Седмоноемвриската награда и Осмодекемвриската повелба "Свети Климент Охридски - Патронот на Охрид". Радио Охрид емитува 24 часовна програма, од коjа, дневно, 15 часа се од сопствена продукциjа. Централно информативната емисиjа "Дневник" е во 16:30 часот. Флеш вести се емитуваат секоj час. Сигналот на Радио Охрид ги покрива општините Охрид, Струга, Ресен и дел од Република Албаниjа. Со Законот за радиодифузија и Одлука на Советот за радиодифузија радиото беше дадено на продажба преку министерството за економија. Од декември 2007 година сопственик на 55 проценти од капиталот е компанијата АМАК СП - Охрид. И покрај неопходната нагласеност на маркетингот, редакцијата се труди информативната програма да биде стожер на 24 - часовната програма. Ние сме биле и ќе бидеме на линијата на објективноста и професионалноста. Радио Охрид - ден и ноќ со Вас! Охрид 6000, улица Свети Климент Охридски 2 телефон: (+389) 046/ 265 505 (студио), 262 475 (редакциjа) факс: (+389) 046/ 261 478 e-mail: radiooh@sonet.com.mk web-site: www.radioohrid.com.mk |
||
| 2.03 MB | 7:00: "Билјана платно белеше" | |
| 377 KB | 14 март 2008 г. | |
| 40 KB | 28 маj 2002 г. | |



