|
|
||||||
![]() |
||||||
| УКБ емитување | фрек.,MHz | предавател, моќност, RDS, (подробности) | ||||
| Битола | 106.00 | Пелистер, KANAL 77 | ||||
| Валандово | 103.40 | Боскија, KANAL 77 | ||||
| Дебар | 89.00 | Стогово, KANAL 77 | ||||
| Делчево | 102.70 | Голак, KANAL 77 | ||||
| Кичево | 105.50 | Цоцон, KANAL 77 | ||||
| Крива Паланка | 101.00 | Кочани, KANAL 77, (+ регионална програма „Носталгија ФМ″) | ||||
| Крива Паланка | 106.80 | Жидилово, KANAL 77 | ||||
| Куманово | 102.70 | Стари лозја, KANAL 77 | ||||
| Неготино | 103.20 | Серта, KANAL 77, (+ регионална програма „Пела ФМ″) | ||||
| Охрид | 105.40 | Гореничка чука, KANAL 77 | ||||
| Пехчево | 92.30 | Буковик, KANAL 77 | ||||
| Прилеп | 104.10 | Две Стени, KANAL 77, (+ регионална програма „Пела ФМ″) | ||||
| Радовиш | 102.30 | Али Коч, KANAL 77 | ||||
| Ресен | 104.40 | Сопотско, KANAL 77 | ||||
| Свети Николе | 103.80 | Ѓуриште, KANAL 77 | ||||
| Скопје | 89.70 | Водно, KANAL 77 | ||||
| Страцин | 105.10 | Страцин, 500 W, KANAL 77 | ||||
| Струга | 106.90 | Мали Влај 2, KANAL 77 | ||||
| Сушево | 102.90 | Сушево, KANAL 77, (за Струмица и Радовиш) | ||||
| Тетово | 101.90 | Попова Шапка, KANAL 77 | ||||
| Штип | 101.80 | Туртел, KANAL 77 | ||||
| Штип | 103.00 | Штип-1 - Исар, KANAL 77, (+ регионална програма „Носталгија ФМ″) | ||||
| Интернет емитување | формат | |||||
| Слушај во живо од Штип | ||||||
Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво. Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели. Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници. Во програмскиот дел секоја година ја забрзуваме брзината на говорот и динамиката на рубриките и на вестите. Во минатото луѓето беа научени полека да ги слушаат вестите, стереотипно. Сега сж повеќе го забрзуваме темпото на читање, бидејќи такво е темпото на живеење. Вестите се сж пократки и со поголема брзина. Прво, стартувавме со таков информативен појас во Битола, кој се вика „Пела ФМ” се емитува во Прилеп и во Битола, а след еден месец Канал 77 промовира и вториот - „Носталгија ФМ” за Штип и Кочани. И двата канала се емитуват во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво. Канал 77 е партнерска станица на македонските редакции на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка. Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18 телефон: (+389) 32/ 397 707 факс: (+389) 32/ 397 717 Македонија 1000 Скопје телефон: (+389) 02/ 3223 122 e-mail: kanal77@kanal77.com.mk web-site: www.kanal77.com.mk |
||||||
![]() През октомври 2006 година, по повод 15 години постоење во македонскиот етер, Канал 77 го отвори регионалното радио „Пела ФМ” во Битола кое се емитува на две фреквенции. Тоа са пелагониски вести кои се слушаат во Прилеп и во Битола во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво. „Овој информативен прозорец значи повеќе медиумска светлина и свежина во локалниот етер. Тоа ќе придонесе да се збогати локалната информативна понуда, а преку него ќе се пласираат настани од регионот, а особено за локалната самоуправа. Пела ФМ ќе ја развие и конкуренцијата на ова информативно подрачје", рече Мирче Адамчевски, претседател на Радиодифузниот совет, кој свечено го прогласи Пела ФМ за отворено. Битола 7000, улица Климент Охридски 24 телефон: (+389) 047/ 212 373, 212 379 web-site: www.kanal77.com.mk/pela |
||||||
![]() Само еден месец по промовирањето на програмскиот прозорец Пела ФМ во Битола, наменет за слушателите од Пелагонискиот регион, Канал 77 промовира и вториот - „Носталгија ФМ”. Програмскиот прозорец Носталгија ФМ емитува програма од 9 до 15 часот. Прозорецот е наменет за слушателите на Штип и потесниот регион а форматираниот прозорец нуди две основни компоненти: Олдис музика со музика од бившите Ју простори и вести. Промовирањето на локалните програмски прозорци е дел од настојувањата на менаџментот на Канал 77 медиумски да ја засилат информираноста на граганите на локално ниво, како резултат на процесите на децентрализација. Неговот промовирање се совпага со прослвата на 8-ми Ноември, денот на ослобдувањето на Штип, заради што стартот на програмата на „Носталгија ФМ” ќе ја означи Градоначалникот Панде Сарев. Канал 77 оваа година го одбележа 15 годишниот јубилеј. Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18 телефон: (+389) 032/ 397 707 факс: (+389) 032/ 397 717 web-site: www.kanal77.com.mk/nostalgija |
||||||







