УКБ емитување фрек.,MHz предавател, моќност, RDS, (подробности)
Гевгелија   92.20 Мрзенски рид
Гостивар 104.20 Гостивар
Кавадарци 105.30 Љубаш
Охрид   94.80 Гореничка чука, 250 W
Прилеп   87.60 Трескавец
Свети Николе   88.90 Ѓуриште
Скопје   99.40 Водно, 500 W
Сушево   96.90 Сушево, (за Струмица и Радовиш)
Интернет емитување формат
Слушај во живо од Скопје Audio/MPEG 128 kbps

    Од декември 2007 г. во етерот официјално ќе профункционира новото радио „Метрополис”, кој е подарок на слушателите по повод петгодишнината од постоењето на „Сити радио”. „Сити” групацијата неодамна го презеде националното радио, радио „Рос”, на чии фреквенции ќе се емитува "Метрополис”. „Сити радио”, „3Д” проект студио и клуб „ФМ” се само дел од екипата која најавува креирање на квалитетна домашна програма користејќи нови високопрофесионални стандарди, како и преземање странски програми.

   

    Радио Рос е едно од најстарите приватни македонски радио станици чии почетоци коинцидираат со осомостојувањето на македонската независна држава. Првите 10 години како локално скопско радио, а од 2002 година како национално радио, Радио Рос е буден предвесник на настаните и гордо пркоси на сите предизвици. Радио Рос емитува 70% македонска поп музика, со што дава значаен придонес во продуцирањето, емитувањето и развојот на македонската забавна музика. Останатите 30% се исполнети со популарна светска, како и музика од соседните држави.

    Радио Рос во својот сервисен дел изобилува со актуелни информации и аналитички пристап на актуелни теми, а во забавниот дел продуцира интерактивна програма со огромна слушаност.Топ листите, Рос фаворитите како и изборот на хит на годината на Радио Рос се престижни манифестации кои го креираат јавното мнение. Покрај информативно забавниот карактер, викендите се резервирани за целодневна отворена спортска програма. За време на одржувањето на Европското и Светското првенство во фудбал, Радио Рос ја има најслушаната отворена едукативно спортска програма во Македонија. Радио Рос е урбан информативени музички сервис, значаен чинител за креирање на јавното мислење, пред се од сверата на македонската музичка сцена. И што да се каже како резиме ? Најдобра музика, најбрзи информации, најдобри водители ... На брановите низ цела Македонија и преку интернет ширум светот ... Едноставно најдобрата фреквенција!

  Македонија 1000 Скопје, улица Вељко Влаховиќ 18, број 4-2/9
  телефон: (+389) 02/ 3233 113, 3233 213, 3233 313, 3060 308
  факс: (+389) 02/ 3060 307
  SMS пораки: (+389) 070/075/077/ 142 999
  e-mail: info@metropolisradio.com.mk
  web-site: www.metropolisradio.com.mk