|
|
||
| Сателитско емитување | честота,GHz | подробности |
| Intelsat 10-02, 1.0° W | 12.607 | SID:3009, VPID:640, APID:873, Symbol rate: 2.750 Mbps, FEC:3/4, Слободно емитување за Европа |
| Intelsat 902, 62.0° E | 11.10595 | SID:1, VPID:257, APID:258, Symbol rate: 5.430 Mbps, FEC:3/4, Слободно емитување за Турција и блискиот исток |
| Intelsat Americas 5, 97.0° W | 11.898 | SID:755, VPID:789, APID:790, Symbol rate: 22.000 Mbps, FEC:3/4, Кодирано емитување за Северна Америка од WorldTV |
| Интернет емитување | формат | |
| Гледај вести од А1 | ||
| Гледаj временска прогноза од А1 | ||
|
За уште програми онлајн кликнете тука
|
||
| За Телевизија А1 плус | ||
![]() А1 Телевизија е првиот приватен електронски медиум во земјава. Иако првите новинари беа дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создаде свој кадар, кој се одликува со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби през 2001 година. А1 придонесе за јакнење на одговорноста на јавниот, на приватниот и на граѓанскиот сектор. А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси. Што се однесува до забавниот дел, оваа телевизија презема емисии од други продукциски куќи. Едни од најгледаните забавни емисии, како "Вртелешка" и "Дом и дизајн" се од друга продукција. Цели на А1 се: брзо и навремено информирање, вистинска информација и професионалност. Тие се темелат врз: храброст - информативниот пристап темелен врз непристрасноста, независноста, објективноста, вистинитоста, самостојноста во работењето; креативност - можност за авторско изразување (проекти и начини на изразување што се за првпат применети во земјата); гледачите - тоа се оние за кои постои овој медиум и чие мислење е основа за неговата работа. Награди: 2000 година - награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија; 2003 година - Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес. Скопје 1000, улица Перо Наков 60 телефон: (+389) 02/ 2550 301, 2550 355 факс: (+389) 02/ 2550 330, 2550 360 e-mail: a1plus@a1.com.mk web-site: www.a1plus.com.mk |
||
| Погледајте уште: Телевизија А1 ››› | ||



