|
|
||
| ТВ емитување | ТВ канал | предавател, моќност, (подробности) |
| Битола | 60 | Брусник |
| Куманово | 60 | Стари Лозја |
| Охрид | 56 | Гореничка чука |
| Скопје | 43 | Средно Водно |
| Скопје | 46 | Гази Баба |
| Страцин | 62 | Страцин |
| Теново | 50 | Сува гора, (за Тетово и Гостивар) |
| Тополчани | 51 | Тополчани |
| Интернет емитување | формат | |
| Гледаj вести од Телевизија Телма | ||
| За Телевизија Телма | ||
![]() Телевизија Телма е основана во септември 1996 година. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол А.Д. Вo ТВ Телма моменто се ангажирани над 100 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија (од 60 и од 250 метри квадратни) и најсовремена дигитална телевизиска техника. Секој ден Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часови. Програмската шема ја сочинуваат три заокружени целини: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма. ТВ Телма се развива како урбана телевизија со високи професионални критериуми и естетски норми. Сите ние во Телма љубоморно ја чуваме нашата независна позиција и вложуваме максимални напори секогаш да бидеме на врвот и секогаш да бидеме поинакви од другите. Ви благодариме на довербата. Основен белег на информативната програма, но и на Телевизија Телма во целина ја даваат Вестите што се емитуваат секој ден од 18:30 и 21:40 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата "Агол", а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: "Време", "Баланси", "Досие", "Светот денес" и други. Забавно-рекреативната и контактна програма го подготвува петчасовниот семеен магазин "Пакет за сабота", како и неделните емисии "Не лути се човече", "Во огледалаа", квизот "Тоа сум јас", "Планета 7", "Град Т" и други. Основен белег на културно-уметничката и документарна програма ја даваат редовните "Телма репортажа", "Созвездија", "Мојот пат", "Класика", "Телма блуз" и други. Имиџот на спортската програма на ТВ Телма го чинат ексклузивните директни преноси од Италијанското фудбалско првенство, како и преносите од европскиот Финал Фоур во кошарка и од финалето на американскиот Стенли куп во хокеј на мраз. Скопје , улица Никола Парапунов б.б., комплекс Макотекс телефон: (+389) 02/ 3076 677, 3066 653 телефон/факс: (+389) 02/ 3070 040 e-mail: telma@unet.com.mk web-site: www.telma.com.mk |
||



