УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Битола   92.90 Пелистер, 1 kW,
Битола   93.90 Пивара, 100 W,
Валандово 106.30 Боскија, 1 kW,
Велес   91.90 Црн Врв, 500 W,
Гевгелија   89.20 Мрзенски рид, 100 W,
Делчево   97.90 Голак, 500 W,
Демир Капија   88.80 Демир Капија, 300 W,
Душегубица 103.30 Душегубица, 150 W,
Кавадарци 104.20 Љубаш, 500 W,
Кичево   95.50 Цоцон, 500 W,
Крушево 106.30 Крушево, ANETNNA5
Куманово 106.30 Куманово, 100 W,
Маврово   92.90 Маврово-2, ANETNNA5
Маврово 105.50 Влајница, 150 W,
Мал Радобил   97.90 Мал Радобил,
Охрид   92.00 Коњско, 250 W,
Скопје   95.50 Водно, 1 kW,
Страцин 105.50 Страцин, 500 W,
Струга 103.30 Мали Влај, 500 W,
Струмица 100.50 Цареви кули, 100 W,
Сушево   91.90 Сушево, 250 W, , (за Струмица и Радовиш)
Тетово 106.90 Попова Шапка, 300 W, ANETNNA5
Удово 103.70 Удово, ANETNNA5
Штип 104.80 Туртел, 1 kW,
Црвена Вода 101.90 Црвена Вода / Песочани, 300 W,
Интернет емитување формат
Слушај во живо од Скопје AAC+ 32 kbps
Слушај во живо од Скопје Audio/MPEG 64 kbps
Слушај во живо од Скопје Windows Media Audio 24 kbps
Слушај во живо од Скопје Real Audio 11 kbps



  Антена 5 - радио со позитивна енергија!

  1994, го формиравме Антена 5 Радио со идеја Македонија да има совре­мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio.

  Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена 5. АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV (MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија.

  Според резултатите од сите истражувања на слушаноста спроведувани во Македонија, веќе единаесет години Антена 5 е број 1 Радио по слушаност и рејтинг за целната група од 12-45 години, на национално ниво. Тимот на Антена 5 и понатаму ќе продолжи да истражува, креира и реализира проекти за публиката, со што Антена 5 ќе добие уште поголема, понова и помодерна димензија. Антена 5 во својата историја направи повеќе од 300 интервјуа со најголемите музички звезди. Антена 5 беше првата радио станица на Балканот со своја WEB страна, во 1995 и прва која емитуваше програма преку интернет REAL AUDIO 1996.

  Присуствува со свои репортери на големите Европски музички настани MTV Europe Music Awards почнувајки од 1994, BRIT AWARDS, Големите европски DANCE фестивали; ги пренесува во живо светските големи концерти (NET AID, CONCERT FOR NEW YORK, WORLD AIDS DAY, PARTY IN THE PARK) и најголемите музички настани кои се случуваат во регионот и во Македонија. Промотивно за светските дискографски компании во Македонија промовира синглови и албуми.

  1994 прва воведе компјутерско водење на програмата со емитување на звук во етер преку компјутери. 1995 -1997 Антена 5 ја продуцираше Радио Топ Листа На Македонија, која ја компилираше и емитуваше во живо заедно со 20 најпопуларни радио станици од цела Македонија. Има организирано преку 100-тина разни забави, маскенбали и подржа безброј концерти, претстави, настани во Скопје и низ Македонија.

  Прва промовираше СМС поврзаност со публиката, 2001. Прва воведе седум музички стилски канали на интернет заедно со ОН НЕТ, 2001. Антена 5 покрива 95 % од територијата на Македонија со 20 предаватели со висококвалитетен Стерео РДС ЕОН сигнал. Прва во Македонија инсталираше копмлетна дигитална ON AIR студиска опрема, спремна за новиот светски радио broadcast стандард DAB (DIGITAL AUDIO BROADCAST).

Македонија 1000 Скопје, улица Тетовска број 35
телефон: (+389) 02/ 3109 955
телефон/факс: (+389) 02/ 3111 911
SMS центар: (+389) 070/ 145555, 075/ 145555

e-mail: mail@antenna5.com.mk, marketing@antenna5.com.mk
web-site: www.antenna5.com.mk
Аудио сигнали на Радио Антена 5
antena5_1.mp3 32 KB   Ова е Антена 5 радио, SAM Studio
antena5_2.mp3 272 KB   Антена 5 радио, SAM Studio
antena5_3.mp3 360 KB   Dolg Doughter, SAM Studio
antena5_4.mp3 200 KB   Nightmare, SAM Studio
© 2001-2012 Михаил Щербак •  За сајтот •  Услови за користење •  Контакт