Канал 77 почна со емитување на програмата на 4 октомври 1991 во Штип, по неколкумесечна експериментална работа. Во 1996, радиото почна да емитува програма на национално ниво, за што концесијата ја доби во 1997 година и стана првото приватно радио во Македонија со информативна програма на државно ниво.

    Покрај студиото во Штип, Канал 77 отвори две придружни студија со седиште во Скопје и Битола, кои преку најсовремена технологија емитуваат заедничка програма од трите студија. Програмата на Канал 77 е достапна до сите делови на Македонија благодарение на сопствената репетиторска мрежа од 27 предаватели.

    Канал 77 е првата радио станица што воведе софистицирана и современа технологија која вклучува РДС (радио дата систем), автоматски софтвер и 3-Д стерео. Како радио се насочивме на категорија слушатели од 20 до 45-годишна возраст, и тоа исклучиво на високообразовани луѓе. Решивме да останеме цврсто на тој формат и да се фокусираме само на таа популација. Музички веќе се дефиниравме за возрасна современа музика, со помал број хитови, а со повеќе стара музика. За разлика од порано, кога лутавме музички, сега не работиме така, туку им го препуштаме тоа на другите радиостаници.

    Во програмскиот дел секоја година ја забрзуваме брзината на говорот и динамиката на рубриките и на вестите. Во минатото луѓето беа научени полека да ги слушаат вестите, стереотипно. Сега сж повеќе го забрзуваме темпото на читање, бидејќи такво е темпото на живеење. Вестите се сж пократки и со поголема брзина. Прво, стартувавме со таков информативен појас во Битола, кој се вика "Пела ФМ" се емитува во Прилеп и во Битола, а след еден месец Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ" за Штип и Кочани. И двата канала се емитуват во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво.

  Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18
  телефон: (+389) 32/ 397 707
  факс: (+389) 32/ 397 717

  Македонија 1000 Скопје
  телефон: (+389) 02/ 3223 122

  e-mail: kanal77@kanal77.com.mk
  web-site: www.kanal77.com.mk



    През октомври 2006 година, по повод 15 години постоење во македонскиот етер, Канал 77 го отвори регионалното радио "Пела ФМ" во Битола кое се емитува на две фреквенции. Тоа са пелагониски вести кои се слушаат во Прилеп и во Битола во периодот од 9 до 15 часот, а потоа се враќаат на национално ниво. "Овој информативен прозорец значи повеќе медиумска светлина и свежина во локалниот етер. Тоа ќе придонесе да се збогати локалната информативна понуда, а преку него ќе се пласираат настани од регионот, а особено за локалната самоуправа. Пела ФМ ќе ја развие и конкуренцијата на ова информативно подрачје", рече Мирче Адамчевски, претседател на Радиодифузниот совет, кој свечено го прогласи Пела ФМ за отворено.

  Македонија 7000 Битола, улица Климент Охридски 24
  телефон: (+389) 047/ 212 373, 212 379



    Само еден месец по промовирањето на програмскиот прозорец Пела ФМ во Битола, наменет за слушателите од Пелагонискиот регион, Канал 77 промовира и вториот - "Носталгија ФМ". Програмскиот прозорец Носталгија ФМ емитува програма од 9 до 15 часот. Прозорецот е наменет за слушателите на Штип и потесниот регион а форматираниот прозорец нуди две основни компоненти: Олдис музика со музика од бившите Ју простори и вести. Промовирањето на локалните програмски прозорци е дел од настојувањата на менаџментот на Канал 77 медиумски да ја засилат информираноста на граганите на локално ниво, како резултат на процесите на децентрализација. Неговот промовирање се совпага со прослвата на 8-ми Ноември, денот на ослобдувањето на Штип, заради што стартот на програмата на "Носталгија ФМ" ќе ја означи Градоначалникот Панде Сарев. Канал 77 оваа година го одбележа 15 годишниот јубилеј.

  Македонија 2000 Штип, улица Јосиф Ковачев број 18
  телефон: (+389) 032/ 397 707
  факс: (+389) 032/ 397 717
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
Емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Белчишта 106.80 Славеј Планина,
Битола 103.20 Тумбе Кафе,
Битола 106.00 Пелистер,
Босилчево 101.00 Босилчево,
Валандово 103.40 Боскија,
Велес   89.40 Свети Илија,
Гевгелија 101.50 Мрзенски рид,
Дебар   89.00 Стогово,
Делчево 102.70 Голак,
Демир Капија 100.30 Демир Капија,
Душегубица 104.10 Душегубица,
Кавадарци 106.00 Голем Љубаш,
Кичево 105.50 Цоцон,
Кожле 101.90 Кожле,
Крива Паланка 106.80 Жидилово,
Крушево 104.40 Мечкин Камен,
Куманово 102.70 Стари Лозја,
Маврово   89.70 Кожа,
Неготино 103.20 Серта,
Охрид 105.40 Гореничка чука,
Пехчево   92.30 Буковиќ,
Прилеп 104.10 Две Стени,
Радовиш 102.30 Али Коч,
Ресен 104.40 Сопотско - Мечкина Јама,
Свети Николе 103.80 Ѓуриште,
Скопје   89.70 Водно,
Страцин 105.10 Саравинци, 500 W,
Струга 106.90 Мали Влај 2,
Струмица 102.90 Сушево,
Струмица 106.00 Баир,
Тетово 101.90 Попова Шапка,
Фариш 106.90 Фариш,
Штип 101.80 Туртел,
Штип 103.00 Штип-1 - Исар,
Штип 103.00 Сењак,