МРТ 2 - втори канал на Македонската телевизија - програма на јазиците на националностите

На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма е Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитува свои содржини, на вториот канал се преземаат директно програми од другите југословенски телевизиски центри.

Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Северна Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и бошњачки јазик.


Северна Македонија 1000 Скопје, бул. Гоце Делчев б.б.
тел. +389 2 5119 899 (централа), +389 02 5119 925 (МРТ 2)
web-site: www.mrt.com.mk