Телевизија Телма е основана во септември 1996 година. Нејзин основач и сопственик е Макпетрол АД - Скопје. Телевизија Телма е една од петте телевизии кои, на конкурсот на Владата на Република Македонија во 1998 година, добија концесија за седумгодишно емитување на програма на подрачјето на град Скопје. Развојниот план на ТВ Телма предвидува нејзиниот сигнал наскоро да го покрива целото подрачје на Република Македонија. Вo ТВ Телма моменто се ангажирани над 100 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија (од 60 и од 250 метри квадратни) и најсовремена дигитална телевизиска техника.

Секој ден Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часови. Програмската шема ја сочинуваат три заокружени целини: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма. ТВ Телма се развива како урбана телевизија со високи професионални критериуми и естетски норми. Сите ние во Телма љубоморно ја чуваме нашата независна позиција и вложуваме максимални напори секогаш да бидеме на врвот и секогаш да бидеме поинакви од другите. Основен белег на информативната програма, но и на Телевизија Телма во целина ја даваат Вестите што се емитуваат секој ден од 18:30 и 21:30 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата "Агол", а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: "Време", "Баланси", "Досие", "Светот денес" и други.

Забавно-рекреативната и контактна програма го подготвува петчасовниот семеен магазин "Пакет за сабота", како и неделните емисии "Не лути се човече", "Во огледалаа", квизот "Тоа сум јас", "Планета 7", "Град Т" и други. Основен белег на културно-уметничката и документарна програма ја даваат редовните "Телма репортажа", "Созвездија", "Мојот пат", "Класика", "Телма блуз" и други. Имиџот на спортската програма на ТВ Телма го чинат ексклузивните директни преноси од Италијанското фудбалско првенство, како и преносите од европскиот Финал Фоур во кошарка и од финалето на американскиот Стенли куп во хокеј на мраз.

Скопје 1000, ул. „Никола Парапунов“ 51, комплекс „Макотекс“
тел. +389 2 3076677
e-mail: telma@telma.com.mk
web-site: www.telma.com.mk

Терестријално емитување
ТВ емитување - регион Канал Предавател, моќност, (детали)
Зона Д1 - Црн Врв 40 Велес, Свети Илија + Кавадарци, Голем Љубаш + Неготино, Центар + Скопје, Ѓуриште + Скопје, Водно + Скопје, Радишани
Зона Д2 - Страцин 50 Кратово, Кратово 2 + Крива Паланка, Баглак + Куманово, Мечкина Карпа + Куманово, Романовце + Страцин, Саравинци
Зона Д3 - Туртел 38 Берово, Рачица + Делчево, Голак + Кочани, Меморијален центар + Кочани, Бурилчево + Македонска Каменица + Пробиштип, Злетово + Штип, Каракуш
Зона Д4 - Боскија 50 Валандово, Боскија + Гевгелија, Мрзенски рид + Радовиш, Калуѓерица + Струмица, Огражден
Зона Д5 - Пелистер 38 Битола, Горно Маало + Битола, Мегленци + Кичево, Осломеј + Кичево, Цоцон + Крушево + Македонски Брод, Локвица + Прилеп, Селце + Прилеп, Трескавец + Ресен, Мечкина Јама
Зона Д6 - Мали Влај 44 Охрид, Гореничка чука
Зона Д7 - Стогово 21 Дебар, Стогово
Зона Д8 - Попова Шапка 41 Гостивар, Теново, Сува Гора + Тетово, Попова Шапка + Тетово, Расадиште