Музичкото радио Канал 103 емитува од 1 мај 1991 година на 103 MHz во Скопје како дел на МРТ. Во периодот 1994-96 година, најблиску до вистината беа констатациите дека „Стотројка” „де факто” функционира како независен медиум. Токму ваквата специфична позиција и ги овозможи на радиостаницата потребните услови за да се развие во автентична и исклучително нетипична институција која почна да промовира некои нови вредности и принципи на работење во македонскиот етер. Канал 103 отсекогаш бегал од стереотипноста, конвенционалноста, рутината, површноста - особини кои доминираат кај многу македонски радиостаници.

На 25 мај 2004 г., во 9 часот наутро, престана УКБ емитуваљето на единственото македонско некомерцијално музичко радио - Канал 103. Најавите за укинување на урбаната и прогресивна фреквенција периодично се провлекуваа низ скопските културни кулоари оште од две години наназад. Програмата на Стотројка, согласно со решението на Управата за телекомуникации, досега се емитуваше на нелегална фрекфенција. Цели 13 години токму Канал 103 беше прибежиште за сите оние што не се наоѓаа(т) себеси во масовната култура и во некакви глобални трендови наметнати од средствата за масовна комуникација. Токму фреквенцијата на единственото радио што не емитуваше реклами беше простор за искажување и на поинакви идеи, односно своевидно поле за културен натпревар меѓу инакумислечките млади луѓе во ова несреќно транзициско општество.

По неколкумесечен прекин Канал 103 од денес во 12 часот почнува повторно со емитување програма. Како што е познато, радиото "103" поради законски пречки по повеќе од 12 години егзистирање во рамките на Македонската радио-телевизија беше исклучен од етерот, што предизвика бура реакции и полемики во јавноста. Се чини дека по, за многумина неочекуваниот, притисок на јавното мислење договорот е најден. Имено, Канал 103 продолжува со работа во рамките на МРТВ и на истата фрекфенција. Стотројка предава 24 часа по интернет и од 02 до 06 часот по Втора програма на Македонското радио.

Република Северна Македонија 1000 Скопје, бул. Гоце Делчев б.б.
тел. +389 2 311 2557, 311 9505
факс +389 2 311 2578
e-mail: [email protected]
web-site: www.kanal103.com.mk

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје 103.0 Водно, 500 W,