Лајф радио ја емитува својата програма во Скопје и во неговата околина, на брановите 89.1 MHz од февруари 2002 година. Програмата на радиото се реализира истовремено, како на македонски, така и на албански јазик, што претставува единствен пример на интерактивно двојазично радио во Европа.

Што се однесува, пак, до музиката, Лајф радио е единственото радио во земјава што го третира исклучиво рок-ен-ролот и сите негови деривати. Радиото досега има организирано, коорганизирано и спонзорирано повеќе рок-концерти, фестивали и манифестации, меѓу кои и музичкиот караван За подобро утре, во рамките на кој познатите рок-групи Суперхикс и Бла-бла-бла... настапија на 14 концерти ширум земјава. Радиото планира да продолжи не само со организирање на концертни манифестации, туку и со отворање на музичка продукција и со издавање на албуми на талентирани рок-состави од земјава и од Балканот, пошироко.


  Реп. Сев. Македонија 1000 Скопје, ул. „Мајка Тереза“ 1/4
  тел. +389 2 3246 891, +389 2 3246 892
  факс +389 2 3246 893
  web-site: www.life.com.mk

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје   89.1 Средно Водно,