
Телевизија МТМ е регионална тв станица и емитува програма на територија на град Скопје. Таа е единствената телевизија во главниот град која сериозно и професинално се зафати со програмско третирање на градските теми, урбаното секојдневие на граѓаните во сите информативни, едукативни и забавни сегменти. Со години наназад полека но сигурно, без силни искачувања и падови гради телевизиски вредности на висока култивираност, креирајќи го телевизискиот медиум она што е – културна и цивилизациска придобивка, без уредувачки компромиси кои го осиромашуваат секојдневито на гледачите. Напротив создаваме средство за комуницирање кое го збогатува духот на гледачите и секојдневно ги едуцира и рекреира со урбани, културни, забавно-музички, научно-популарни, градски теми, животни стории, сериска, играна и документарна програма.
Согласно уредувачката независнот, професионалната предаденост на гледачите и нивното почитување, објективноста во програмските содржини и планираните развојни тенденции, телевизијата посвети големо внимание на поставувањето програмска концепција на модерна градска телевизија, што подразбира емитување програма на регионално ниво, како и соработка за размена на сопствена и странска програма со локалните тв станици од Македонија.
Скопје 1000, ул. Благоја Стефковски 40
тел. +389 2 2521 003, 2523 232, 2523 563
факс +389 2 2529 920, 2523 563
e-mail: [email protected]
web-site: www.mtm.mk


Емитување | ||
ТВ емитување - град | Канал | Предавател, моќност, (детали) |
Скопје | 522 (27) |
Гази Баба |
Скопје | 530 (28) |
Средно Водно |