Репетитор Ѓуриште
Репетиторот Ѓуриште се наоѓа во едноимената месност, разположена на 13 километри од град Свети Николе, над село Горобинци. Во таа месност се наоѓа еден од трите главни Радарски центри во Македонија, метеоролошка и противградобијна станица и средновековниот манастир "Рождество на Прествета Богородица", кој датира од 11-12 век. Географски координати: 21°50'19"E / 41°53'05"N
Среднобранови предавател Овче Поле
Овчеполската Котлина преставува посебна област во средишниот дел на Балканскиот Полуостров, или поточно во северозападниот дел на Република Северна Македонија. Таа лежи во сливот на Светиниколска Река која е десна притока на реката Брегалница. Овче Поле е единствената поголема рамнина во централниот дел на земјава со задоволителна проводливост на теренот.
На 29 ноември 1970 година Радио Скопје пушта во редовна работа среднобрановиот предавател во Овче Поле со моќност од 1000 kW. Антенскиот столб со висина од 185.4 метри е точно една половина од брановата должина на која работи предавателот и има засилување по хоризонтала од 1.6 пати. Ефикасноста на антенскиот систем е 94.5% што претставува одлична вредност и значи дека предавателот емитува во сите правци по површината на теренот со сила од 1510 kW. Што се однесува до просторниот или јоносферсклот бран во зависност oд вертикалните агли на зрачењето и под одредени услови на пропагација ноќе, бранот може да се простира на големи далечини при што приемното поле е на сосема задоволително ниво. Набавен од фирмата „Браун-Бовери" од Швајцарија со врвен квалитет на вградените компоненти со ново конструктивно електрично решение на столбот, со функционален објект од 960 метри корисна површина, односно со трафостаница и помошни објекти во вкупна површина од 1250 м². Целиот комплекс опфаќа површина од 181.000 м², и во тоа време претставуваше најсовремено изграден среднобранов објект на овој дел од Балканот. Од тој ден гласот на Радио Скопје може да се чуе во одредени делови на Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.
На 10 јуни 2002 година Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Љубчо Георгиевски го пушти во употреба новиот 1200 киловатен среднобранов предавател, составен е од три основни модули од по 400 киловати. Предавателот е производ на француската фирма "Талес - Броудкас енд мултимедија" и претставува врв на достигнувањата во оваа област. Процесот на работа се процесира софтверски и во зависност од видот на програмата предавателот автоматски се приспособува на оптималниот режим на работа. Сигурноста во работата е зголемена, а намалена е и потрошувачката на електрична енергија.
Предавателот е набавен како донација од средствата на владите на Германија и Франција, а при изградбата на инфраструктурата и неговата монтажа финансиски помогна и Јавното претпријатие "Македонска радиодифузија". Целиот проект чини околу два милиони и 500 илјади евра.
Географски координати: 21°53'45"E / 41°46'57"N, надморска височина (кота терен): 285 м.


Историја на радиостаниците и телевизиите во Свети Николе
Општинската радиостаница „Радио Свети Николе” емитува од 1 мај 1971 г. до 2007 г.
Фреквенции: 88.90 МХц УКБ (150 W) и 1530 КХц СБ (1 kW).
Информација и врски
Свети Николе е град во Централна Македонија, во близина на Куманово, Велес и Штип. Свети Николе има население од околу 13 илјади жители и е административен центар на општина Свети Николе.
Врски: Општина Свети Николе
