Радиодуфузен објект Пелистер
Во југозападниот дел од Република Северна Македонија помеѓу Преспанската котлина на запад и Пелагониската котлина на исток се наоѓа планината Баба со врвот Пелистер (2601 м. надморска височина). Заради природните убавини што ги сочинуваат шумите на борот – Молика, како реликт на терциерната флора, гранитните маси од кои е изграден Пелистер и неговиот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината, во 1948 год. со посебен Закон Пелистер е прогласен за прв Национален парк во Република Северна Македонија и поранешна Југославија, што има големо значење во културната историја на Македонскиот народ. Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 км. од Битола, 65 км. од Охрид и 30 км. од Преспанското езеро.
Во 1959 г. Собранието на околија Битола обезбедува финансиски средства за изградба на репетиторски објект со електричен далновод на Пелистер. По завршувањето на објектот и далноводот во рекордно краток рок, веднаш се монтира пристигнатиот ТВ репетитор и во октомври 1959 година се пушта во редовна работа првиот ТВ репетиторски уред во Република Северна Македонија за реемитување телевизиска програма.
ТВ/УКБ пунктот Пелистер е официјално пуснат во редовна работа на 28.12.1963 година со пуштанењето на радиопредавател за емитување на првата програма на Радио Скопје. На 12 декември 1965 г. е пуштен телевизиски предавател со моќност од 1 kW, а во 1966 г., сo набавката на УКБ предавател од фирмата „Нера″ - Норвешка со сила од 1 kW почна и емитувањето на Втората програма на Радио Скопје во УКБ подрачјето. Во 1972 година на Пелистер са пуштени 2х20 kW ТВ предаватели, а на 11 октомври 1981 г. - два УКБ радиопредаватели по 10 kW за програмите на Радио Скопје, во 1989 г. - 2 kW УКБ предавател за емитување на локалната програма на Радио Битола. Во октомври 1991 г. са набавени два нови 10 kW ТВ/ВХФ предаватели за Прва и Втора ТВ програми, а во октомври 1993 г. 2 kW ТВ/УХФ предавател за емитување на Третата ТВ програма. Од 2002 г. работи предавател и за трета програма на Македонското радио - Програма на јазиците на националностите.
Географски координати: 21°11'03"E / 41°00'10"N, надморска височина (кота терен): 2601 м.













Фото: Михајло Ивановски, Александар Смоковски, "Гоце", "punrunner"
Репетитор Копанки, во националниот парк Пелистер
Географски координати: 21°13'08"E / 41°02'00"N, надморска височина (кота терен): 1450 м.
Репетитор Горно Маало
Географски координати: 21°20'35" E / 41°2'30" N, надморска височина (кота терен): 650 м.
Репетитор Тумбе кафе
Географски координати: 21°20'6" E / 41°0'53" N, надморска височина (кота терен): 725 м.
Репетитор над село Брусник
Географски координати: 21°16'59"E / 41°01'20"N, надморска височина (кота терен): 900 м.
Репетитор Пирава
Географски координати: 21°21'10"E / 41°01'02"N, надморска височина (кота терен): 600 м.
СБ пункт Битола
Географски координати: 21°22'00"E / 41°02'32"N, надморска височина (кота терен): 585 м.
Историја на радиостаниците и телевизиите во Битола
— Радио Битола - 1323 kHz СБ, 95.8 / 101.5, Пелистер 89.8 / 102.6 MHz УКБ (1950-2010)
— Радио Орбис - Битола 99.0 MHz УКБ
— Радио КФМ - Битола 101.0 MHz УКБ
— Радио Суперстар - Битола 102.0 MHz УКБ
— Радио Сенатор - Битола 103.3 MHz УКБ
— Радио 2 М Херц - Битола
— Радио Баир
— Радио Басе — Телевизија Орбис - Битола
— Телевизија Меди - Битола
Информација и врски
Битола е град во Југозападниот дел на Република Македонија, во подножјето на Баба планина и во средишниот дел на котлината Пелагонија. Градот се наоѓа во близина на градовите Прилеп, Ресен и Демир Хисар и на 15 км северно од грчката граница. Битола со население од околу 95 илјади жители е трети по големина град во Републиката и административен центар на општина Битола.
Врски: Општина Битола

