Радиодуфузен објект Трескавец
На десетина километри северозападно од Прилеп, во прегратките на грамадните камења на Златоврв, постојт црквата "Успението на Богородица" и манастирот Трескавец. Таму се инсталирани и предавателите на "Македонска радиодуфузија".
Географски координати: 21°32'36"E / 41°24'12"N, надморска височина (кота терен): 1260 м.






Историја на радиостаниците и телевизиите во Прилеп
Радио-Телевизија Прилеп



Општинската радиостаница „Радио Прилеп” емитува од 29 ноември 1952 г. до 2007 година. Радиото емитува програма 24 часа и покрива територија на општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени и дел од населените места во битолско. На програмата са застапени повеќе емисии од областа на културата, спортот, економијата, политиката и други области. Носечка е централната информативна емисија Хроника на прилепска општина што секојдневно се емитува во 16:30 часот и 19:00 часот.
Фреквенции: 100.10 МХц УКБ (300 W) и 1584 КХц СБ (1 kW).
Вработените на Радио Прилеп во 1991 год. со сопствени средства ја подигнаа првата локална независна телевизија Прилеп. ТВ Прилеп емитува 24 часовна програма од повеќе области. Најпопуларна е дневно информативната емисија Спектар од 18:30 и 21:30 часот. Секако значајни се и емисиите: Актуелно, Виножито, Обични разговори со необични луѓе, Спорторама и други. ТВ Прилеп има силно влијание креирање на јавното мислење со многуте директни преноси од повеќе културни, спортнски и политически настани. ТВ Прилен има околу 200 илјади потенцијални гледачи. Затоа располага со дописници од Битола, Крушево, Кривогаштани, Долнени и Демир Хисар.
Фреквенции: ТВ канал 27 УХФ.
На 01.09.2007 Советот на општина Прилеп донесе одлука за поведување ликвидациска постапка во локалната радиотелевизија, со што, по 55 години замира Радио Прилеп, а по 17 години локалната телевизија.
Радио РТА Евроинвест
Фреквенција: 94.30 МХц УКБ
Информација и врски
Прилеп е град во Југозападниот дел на Република Македонија, во северниот дел на котлината Пелагонија. Градот се наоѓа во близина на Крушево, Битола и Демир Хисар. Прилеп има население од околу 74 илјади жители и е административен центар на општина Прилеп.
Врски: Општина Прилеп


