Телевизија Спектра започна да емитува програма на 30 декември 1994 год. како приватно претприатије за информативна дејност. На конкурсот за доделување на концесии од страна на советот за радиодифузија во август 1998 година стана концесионер со доделена концесија за 7 години, и се пререгистрира како трговско друштво за радиодуфузна дејност со што го легализира своето работење во медиумскиот простор во Р. С. Македонија. Со новиот закон за радиодифузна дејност се доделуваат лиценци така што ТДРД СПЕКТРА Лабуништа на конкурсот објавен од страна советот за радиодифузија на кој конкурираат повеќе правни и физички лица успева да ја добие единствената лиценца за Струга. Лиценцата ја добива на 25.06.2008 година за период од 9 години што значи со траење до 25.06.2017 година.

с. Лабуништа 6336, Струга
тел. +389 46 792006, +389 46 550701
e-mail: [email protected]
web-site: www.spektra.com.mk

ТВ емитување
ТВ емитување - град Канал Предавател, моќност, (детали)
Струга кабел