
Емисијата „Глас од татковината” стана специјализирана програма на Радио Скопје наменета за нашите граѓани на работа и престој во странство и за нивните семејства во земјава, а голем дел од содржините беа наменети и за нашите иселеници во прекуокеанските земји. Емитувањето на оваа емисија започна на 29 ноември 1970 година, денот кога почна да работи и илјадакиловатниот предавател. Во почетокот се емитуваше двапати неделно, во петок и недела, во траење од 3 часа и 30 минути, за потоа да прерасне во секојдневна емисија од 15 минути. Од 80-тите години наваму исто така овие содржини се емитуваат, но со зголемена минутажа од час и пол. Три години потоа емисијата се емитуваше по 30 минути дневно а од јуни 1993 година терминот на траењето на емисијата „Глас од татковината” се зголеми на еден час.
Радио Скопје на својата програма емитуваше поголем број емисии наменети за информирање на нашите работници вработени во странство и за иселениците од прекуокеанските земји. Така веќе спомнатата емисија „Глас од татковината" во овој период се емитуваше 4 пати неделно по 15 минути и секоја сабота во траење од 1 час. Овие емисии беа наменети пред сè на нашите граѓани на привремена работа и престој во странство. Втора содржина: „За нашите во светот”, неделна ревијална емисија во траење од два часа која беше исто така наменета за нашите луѓе во светот.
На 29 ноември 1970 година Радио Скопје се вброи во светската елита на среднобрановите предаватели со пуштањето во редовна работа на 1000 kW предавател во Овче Поле. Овче Поле е единствената поголема рамнина во централниот дел на земјава со задоволителна проводливост на теренот. Антенскиот столб со висина од 185,4 метри е точно една половина од брановата должина на која работи предавателот и има засилување по хоризонтала од 1,6 пати. Ефикасноста на антенскиот систем е 94,5% што претставува одлична вредност и значи дека предавателот емитува во сите правци по површината на теренот со сила од 1510 kW. Што се однесува до просторниот или јоносферсклот бран во зависност oд вертикалните агли на зрачењето и под одредени услови на пропагација ноќе, бранот може да се простира на големи далечини при што приемното поле е на сосема задоволително ниво. Набавен од фирмата „Браун-Бовери" од Швајцарија со врвен квалитет на вградените компоненти со ново конструктивно електрично решение на столбот, со функционален објект од 960 метри корисна површина, односно со трафостаница и помошни објекти во вкупна површина од 1250 м2. Целиот комплекс опфаќа површина од 181,000 м2, и во тоа време претставуваше најсовремено изграден среднобранов објект на овој дел од Балканот. Добиените резултати наполно ја оправдаа инвестицијата која во тоа време изнесуваше 11.371.850 германски марки. Од тој ден гласот на Радио Скопје може да се чуе во одредени делови на Европа, Блискиот Исток и северна Африка.
Од 1971 г. година Радио Скопје емитува вести на бугарски, албански и грчки јазик. След 1993 година програмите за странство, както и вестите на бугарски, албански и грчки јазик се наричат „Радио Билјана”. Од 1999 г. се емитуваа и билтен на српски јазик, а след 2003 г. „Радио Македонија” ги емитува вестите на бугарски, грчки и српски јазик секој ден, освен во недела, во траење од по 30 минути. Преку овие емисии слушателите од соседните земји изворно беа информирани за стварноста и секојдневјето во Македонија, за настаните во светот и за нашиот пристап кон нив. Во овие емисии посебно внимание им се посветуваше на односите со Бугарија, Албанија, Србија и Грција.
Сателитската програма на Македонското радио емитува од 31.07.2003 г. 24 часовна непрекината програма што е избор на емисии од програмите на Македонското радио и оригинална програма „Радио Македонија” во траење од 6 часа и 30 мин. Сателитската програма на Македонското радио претставува сервис, пред сè за нашите во дијаспората, конципиран како мост преку кој тие секогаш можат да бидат во тек со она што се случува во нивната стара татковина. Со тоа се овозможува интензивирање и на соработката со асоцијациите на Македонците во прекуокеанските земји, потоа со црковните општини, а воедно ќе се остварат и контакти со истакнати личности и бизнисмени во дијаспората.
Македонското радио преку Интернет на слушателите во странство и на нашите сонародници во соседните земји, им презентира информации за дневно-политичките настани, а низ пригодни прилози ги афирмира вистинските вредности остварени од граѓаните на Република Македонија.
Мошне значајно е досегашното искуство: ноќните контактни програми во живо што овозможуваат преку брановата должина на Радио Македонија директна комуникација меѓу слушателите во земјата и нивните блиски роднини и пријатели во соседните земји и далеку во светот. Таквата програмска концепција ќе продолжи и во иднина со што Сателитската програма се потврди како вистински сервис за граѓаните.
Реп. Сев. Македонија 1000 Скопје, бул. „Гоце Делчев“ б.б.
тел. +389 2 5119 899 (централа), +389 02 5119 874 (Радио Македонија), +389 02 511 808 (МР Сат)
web-site: www.mrt.com.mk
