Третата програма започна да се емитува на 28 декември 1979 год. на денот на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Радио Скопје. Програмата се емитуваше секоја вечер со почеток од 20,00 часот на среднобранова должина, на ултракратки бранови и во стереотехника во траење од 2 часа. Подоцна почетното двочасовно времетраење на програмата се прошири на 4 часа и програмата се емитуваше до 24,00 часот. Организационо програмата беше поделена на четири дела: информативнополитички, научен, културен и музички. Во 1992 година Третата програма на Радио Скопје се преименува во „Радио Култура”. Програмата на Радио Култура од 15 јануари 2002 година е замолчена.

На 1 октомври 1994 е основан мултинационалниот канал на Македонското радио. Днес МР емитува програми на сите јазици на немнозинските заедници во Република Северна Македонија по Трета програма: на албански јазик - 8,5 часа, на турски јазик - 5 часа, на влашки, ромски, српски јазик и на бошњачки јазик - по 30 минути на ден.

На турски јазик
Првите емисии на турски јазик на бранот на Радио Скопје започнаа да се емитуваат во 1945 година. По скоро шестмесечна пауза Редакцијата на турски јазик повторно заживеа во 1948 година. Во првата половина од 60-те години, поради масовното иселување на турското население во претходната деценија, во тукушто започнатото кадровско издигнување, дојде до пад на емисиите. Во 1969 година со преминот на бранот на Втората програма на Радиото, се воведе полчасовна неделна емисија со теми од секојдневното живеење на турското население во Македонија. Во 70-те се формира Сектор за емисии на јазиците на народностите и емисиите на турски јазик прераснаа во Програма на турски јазик. Покрај дневноинформативните емисии и неделните тематски емисии, се воведуваат нови. Дневно во тоа време се емитуваа 90 минути програма на турски јазик, а во 1989 година програмата на турски јазик опфаќаше 165 минути говорна и музичка програма. Во текот на дведеценскиот растеж оваа програма е слушана од целокупното турско население во Македонија, а истражувањата покажаа дека овие емисии ги слушаат и дел од албанското и од ромското население. Овие емисии поради чујност прераснаа и во емисии на турското население во соседните земји: Србија, Бугарија, Грција и Албанија. За ова сведочат многубројни јавувања на слушатели од овие земји. Во 1989 година програмата на народностите се емитуваше преку посебен предавател по што следуваше уште едно проширување на програмата од 45 минути со што вкупното траење на емисиите достигна 210 минути дневно.

На албански јазик
Новинарски прилози, вести и соошитенија на албански јазик се емитуваа уште од од 1945 година. Програмата на албански јазик практично започна да работи на 4 мај 1948 година. Во 1952 година веќе се емитува детска емисија на албански јазик, една деценија подоцна емисија за жената. Во 1967 година првиот главен уредник Муртеза Пеза. Тогаш програмата доби нова физиономија. Вестите се емитуваа како посебна емисија. Се формира и редакција за култура, за економски прашања и село, како и образовна редакција. Започна и емитување на радиодрами еднаш неделно. Разновидноста на програмата на Радио Скопје во 1970 година беше збогатена и од поголемиот број емисии на јазиците на народностите (како што тогаш се именуваа), што живеат во Македонија. По ова програмата на Радио Скопје значително се разликуваше од другите југословенски радиостаници. Во почетокот на 70-тите години и особено во периодот од 1980 година во програмата на албански јазик мошне сериозно почна да се размислува за вообликување нова шема во која почнаа да се применуваат најразлични форми на новинарскиот израз. Во програмата на албански јазик се започна со контакни емисии, дневноинформативни и неделни емисии. На овој план беа преземени чекори за збогатување на фондот на музиката кој се одвиваше и преку снимањето на програмите на разни културноуметнички друштва, како и преку преземање музика од други радиостаници. Резултатот на ваквиот ангажман ја донесе и првата радиокасета на албански јазик со мелосот на Албанците од нашето поднебје. Програмата се прошири од три часа 15 минути на 6 часа и се емитува во два дела во текот на денот и тоа: претпладне од 8 - 11 часот и попладне од 15,30 - 18,30 часот. По проширувањето на програмата се воведоа централниот радиовесник од 16,00 часот со најразлични дневни актуелности и настани од Републикава и пошироко, а покрај оваа централна информативна емисија во рамките на програмата се емитуваа и 3 информативни емисии. Денот го карактеризираат двете контакни емисии на оваа програма. Таа и натаму чекори кон реализирање нови новинарски потфати и вредности.

На ромски јазик
Емисиите на ромски јазик започнаа да се емитуваат на Втората програма на Македонското радио на 19 февруари 1991 година. Еднаш неделно во етерот се емитуваше 30 минутна емисија што ја подготвуваа тројца соработници. Веќе во октомври наредната година ромската редакција добива уште еден термин со започнувањето директни, односно контактни емисии на програмата. Следното зголемување на оваа програма од 4 пати неделно објективно претпоставуваше и зголемување на редакцискиот состав. На 1 октомври 1994 година веќе имаме една постојана шема на ромските емисии во рамките на мултинационалниот канал на Македонското радио.

На влашки, српски и бошњачки јазици
Првата емисија на влашки јазик се емитуваше на 8 март 1991 година. Полчасовната емисија, која се емитуваше еднаш неделно имаше не само информативен туку и едукативен карактер. Во таа смисла влашкиот јазик како домашен разговорен јазик пред изумирање, на брановите на Радио Скопје доби нови димензии во смисла на една ревитализирана културна пројава на влашкото национално малцинство во неговите желби и барање за информирање на мајчин јазик не само за актуелните настани, туку и за историјата, литературата, фолклорот и културата. Емисиите на српски и бошњачки јазик започнаа да се емитуваат од 2003 година.


  Реп. Сев. Македонија 1000 Скопје, бул. „Гоце Делчев“ б.б.
тел. +389 2 5119 899 (централа), +389 02 5119 864 (Радио), +389 02 5119 867 (Радио 3)
web-site: www.mrt.com.mk

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Белчишта   99.9 Дебарца, TRETA
Битола 102.6 Пелистер, 10 kW, TRETA
Валандово 105.4 Боскија, TRETA
Велес 101.3 Црн Врв, 10 kW, TRETA
Витолиште 105.5 Витолиште, TRETA
Гевгелија   96.5 Мрзенски рид, TRETA
Глобочица 101.5 Пискупштина, TRETA
Групчин 106.1 Групчин, TRETA
Дебар   91.3 Стогово, 3 kW, TRETA
Дебар   96.5 Спас, TRETA
Делчево 107.7 Голак, 100 W, TRETA
Душегубица 101.0 Душегубица, TRETA
Жировница   90.0 Жировница, TRETA
Извор   99.9 Извор, 200 W, TRETA
Кавадарци 107.4 Голем Љубаш, TRETA
Кичево   98.1 Цоцон, 100 W, TRETA
Кратово   92.1 Страцин, 500 W, TRETA
Крива Паланка   90.5 Жидилово, 100 W, TRETA
Крива Паланка   98.6 Ловен дом, 15 W, TRETA
Крушево   91.5 Крушево, TRETA
Куманово 104.9 РДО Куманово, 200 W, TRETA
Маврово   94.0 Влајница, TRETA
Матка 100.4 Матка, TRETA
Осломеј 104.9 Осломеј, TRETA
Охрид   99.8 Коњско, TRETA
Пехчево 104.3 Буковиќ, 100 W, TRETA
Прилеп   88.0 Трескавец, TRETA
Радовиш   92.0 Калуѓерица, TRETA
Седларево   92.6 Седларево, TRETA
Скопје   87.8 Водно, 10 kW, TRETA
Сопотница   97.3 до село Жван, TRETA
Србиново 100.4 Србиново, TRETA
Струга   91.0 Мали Влај, 1 kW, TRETA
Струмица 106.8 Беласица, TRETA
Теново   92.0 Сува Гора, 500 W, TRETA
Тепавци   91.5 Тепавци, TRETA
Тетово   98.3 Попова Шапка, 5 kW, TRETA
Томорос   89.0 Томорос, TRETA
Штип   99.7 Туртел, 10 kW, TRETA