Телевизија Канал 5 е национална телевизија која е основана во 1998 година, и е една од водечките помлади телевизиски куќи во земјава. Севкупната техничка опременост и програмската шема се според пропишаните стандарди кои се неопходни за функционирање на една современа и модерна телевизија кои ги задоволуваат не само нашите, туку и потребите на европскиот бродкастинг.

  Телевизијата располага со две комплетно опремени студија, најсовремена телевизиска дигитална техника (Sony), аналогни и дигитални студиски камери, најнови дигитални камери dsr 200 и dsr 250 dv-cam (Sony), современи компјутерски и кат монтажни едници.

  Со сето ова се произведуваат емисии од најразличен карактер. Јавувањата во живо од местото на настаните се овозможува со вклучување на линк преку репортажните возила кои се опремени со комплетна опрема. Програмската шема на телевизијата преку емисиите од своја продукција пред се, ги задоволува потребите на гледачите.

  Од многуте емисии би ги издвоиле: дневно информативни, политички емисии, вести, контактно забавни, детски емисии, спортски натпревари, актуелни филмови и серии и нагласени документарни емисии.

  Разновидните програмски содржини кои секојдневно се нудат привлекуваат се поголем број гледачи. Во сите медиа истражувања веќе подолг период расте трендот на гледаност на програмата. Со тоа рекламниот простор е се повеќе цел на многу клиенти и тие своите производи и услуги можат да ги претстават по слободен избор и пристапни цени. За успешна презентација на сето ова задолжен е маркетинг тимот на Канал 5 Телевизија.

  Позади функционалноста на телевизијата стои раководен тим заедно со уште 80-тина вработени кои се стручно оспособени, а своите задолженија ги извршуваат на најпрофесионален начин.

Скопје 1000, ул. Скупи б.б.
тел. +389 2 3091 551, 3091 580
факс +389 2 3091 560
e-mail: [email protected], [email protected], [email protected]
web-site: www.kanal5.com.mk , www.topki.net , www.k1-15.com.mk

Терестријално емитување