"Сител" e телевизиски канал кој емитува на национално ниво. Сител е гледан и влијателен медиум во Македонија, со богата програма, со голем број информативни содржини, со многу филмови, атрактивни спортски преноси итн. Модерниот дизајн на Сителовата програма постојано се иновира и се унапредува. Ќе бидеме неискрени ако не споменеме дека за Сител работат веројатно најубавите ТВ-презентерки во земјата - што, веројатно, може да се припише и како заслуга на директорскиот вкус на Горан Иванов. Меѓу нив од неодамна има и поранешни „мисици“, иако на тој план неприкосновена е прекрасната Ана Здравковска. Во блиска иднина, Сител планира да набави репортажно возило со коешто ќе започне со реализација на програми и преноси во живо.

Скопје 1000, Градски стадион
тел. +389 2 3116 566
факс +389 2 3229 799
e-mail: [email protected], [email protected], [email protected]
web-site: www.sitel.com.mk